Top Sport

По Редскинс, и Кливленд индијанс ќе го менуваат името

По најавите дека НФЛ тимот Вашингтон редскинс по децении одбивање го почнаа процесот за менување на своето име, и безбол тимот Кливленд индијанс реши да почне процедура за „разгледување“ на името на тимот кое е такво од 1915 година.

По притисокот на јавноста и на американското движење за корегирање на расните неправди, Кливленд индијанс потврдија дека ќе направат ревизија на името кое го носат 105 години.

„Посветени сме на позитивно влијание на нашата заедница и одговорност кон подобрувањето на социјалната правда и еднаквост. Нашата организација сфаќа дека името на тимот е најважниот дел за поврзаност со заедницата“, објавија од тимот.

Во 2018 година, Индијанс го отстранија своето лого на поглавицата Ваху од дресовите и капите, но маскотата остана популарна кај навивачите на клубот од Охајо.

Вашингтон редскинс подготвени да го сменат „навредливото“ име

Scroll to Top