Ливерпул во последните недели и месеци работи на продолжување на договорите со клучните играчи Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк. Сега се чини дека еден од тие договори конечно е решен.
Се чини дека 33-годишниот централен дефанзивец конечно донесе одлука за својата иднина. Шпанскиот весник „Марка“ објави дека Вирџил ван Дајк одлучил да потпише нов договор со Ливерпул, а тоа би требало да се случи наскоро.
Според новиот договор, Ван Дајк ќе остане на „Енфилд“ најмалку до летото 2028 година .
Во изминатите осум сезони, Холанѓанецот одигра 292 натпревари за Ливерпул, постигна 25 гола и забележа 13 асистенции. Со „црвените“ тој освои се што можеше да се освои и заврши на второто место во гласањето за „Златната топка“.