Top Sport

Ван Дајк ќе стане играч со најголема плата во Премиер лигата

Реал Мадрид биле подготвени да го „одврзат кесето“ за да го донесат во летниот преоден рок Виџил Ван Дајк, тврдат шпанските медиуми.

Поразот од Манчестер сити, во средата, го вклучи алармот на „Сантијаго Бернабеу“. Реал во летниот преоден рок ќе се обидат да донесат неколку врвни играчи во сите линии. Прв на листата на желби кога се работи за централниот дел од одбраната е Ван Дајк.

Наводно, претседателот на Реал Флорентино Перез бил подготвен да понуди 150 милиони евра за услугите на Холанѓанецот. Оваа сума е двојно поголема од онаа што Ливерпул во јануари 2018 година ја издвоија за Ван Дајк.

Како одговор на овие шпекулации во Ливерпул подготвувале нов договор за дефанзивецот. Англичаните пишуваат дека со сите клаузули што ќе бидат вметнати во новиот договор, Ван Дајк годишно би можел да инкасира 50 милиони евра.

Вирџил Ван Дајк со Ливерпул досега освоил по една титула во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство, а прашање на денот е кога и официјално со клубот ќе ја освои и титулата во Премиер лигата.

Scroll to Top