Top Sport

Ван Дајк му одговори на Руни: Не се сеќавам дека вака зборуваше порано

Во својата емисија на британскиот национален сервис, Би-Би-Си, Вејн Руни пред неколку дена изјави дека говорот на телото на капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, и тоа не само неговиот, е нешто што треба да ги загрижи сите во и околу клубот.

Капитенот на Ливерпул, одговори на критиката Руни, а поранешниот играч на Манчестер Јунајтед не му остана должен.

По поразот на Ливерпул од Брентфорд, Вејн Руни изјави дека доколку бил вработен во Ливерпул или навивач на клубот, најмногу би се загрижил за говорот на телото на Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах.

По победата против Астон Вила, Ван Дајк одговори на коментарите на Руни:

„Не се сеќавам дека го слушнав минатата година. Но, искрено, тоа не ме погодува, тој е легенда, одличен играч и секогаш можам да кажам само позитивни работи за него, но мислам дека неговиот коментар е, би рекол, донекаде одраз на мрзеливост. Тоа е мое лично мислење. Лесно е да се обвинуваат играчите, но тој, како и сите, знае дека во фудбалот работите се прават заедно, дека се обидуваме да си помагаме едни на други и дека секој од нас се обидува да го извлече најдоброто од сè.

Како што реков, минатата година кога сè одеше добро, не слушнав такви коментари. Но, така е.

Но, таа работа мора да се заврши. Дел од тој концепт е дека секој може да има мислење и ние мора да се справиме со тоа. Не го сфаќам лично, не го обвинувам“, рече Ван Дајк.

Руни одговори во нова епизода од својата емисија:

„Ван Дајк, слично како Мохамед Салах, беше еден од најдобрите, ако не и најдобриот, дефанзивец во светот во последните пет години. Минатата година беше многу тешко да се каже нешто бидејќи беше толку добар.

Верувам дека самиот ќе каже дека не бил на свое ниво ако е искрен со себе, а како капитен негова работа е да разговара со своите играчи ако работите не одат добро, да свика состанок. Тоа го кажав како некој што беше капитен и лидер, верувам дека ќе го стори тоа.

Имам многу почит кон него, тој е фантастичен играч. Но, мојата работа е да кажам што мислам и чувствувам. Верувам дека и Арне Слот знае дека не е толку добар оваа сезона како порано, тоа беше мојот коментар“, рече Руни.

Scroll to Top