Најскапиот дефанзивец во светот на фудбалот, Вирџил Ван Дајк, не бил премногу заинтересиран да одговара на новинарските прашања поврзани со судиските грешки на дуелот поммеѓу Рома и Ливерпул.
Рома, синоќа, го победи Ливерпул 4:2, меѓутоа англискиот тим ќе игра во финалто на 26.мај, поради победата од 2:5 во првиот меч.
Сите во Рома, но и во италијанската јавност ги потенцираат грешките на судијата Дамир Скомина. Словенецот во две ситуации не дсуди пенал за Рома, а во една од нов доколку судеше пенал ќе мораше да покаже и црвен картон (сиуацијата кога Трент Александер-Арнолд со рака го спречи Ел Шарави да постигне гол).

Токму со ова прашање го пречекале новинарите Ван Дајк.
„А кого сега тоа го интересира? Па ние се пласиравме во финалето“, помалку и лутито одговорил Ван Дајк.
За разлика од Ван Дајк, дефанзивецот на Реал, Марсело призна дека играл со рака и дека судијата требало да досуди пенал за противникот во реваншот помеѓу реал и Баерн.
Очигледно дека дефанзивецот на Ливерпул не е засегнат од начинот на кој неговиот тим го елиминира противникот, најважно за него е што неговиот тим е во финалето.