Top Sport

Надал: Федерер не игра на земја за да ја сочува аурата на непобедливост

Првиот светски рекет, Рафаел Надал, смета дека Роџер Федерер, го скока делот од сезоната кога се игра на земјана подлога, за да ја сочува својата аура на недобедливост, која го краси на останатите подлоги за игра.

„Имам разбирање за Федерер и неговиот став дека е поребно да се вложи многу повеќе напор кога се игра на земја, односно неговата желба да не игра на оваа подлога. Со неиграњето во овој дел од сезоната тој сака да ја задржи аурата на недобедливост што го краси на останатите подлоги. Верувам дека поради тоа тој донел ваква одлука. Ние мораме да го почитуваме тоа, бидејќи му носи резултати…Во 2017 беше совршен, зошто оваа година би сменил нешто?“, смета надал.

Надал и Федерер се сретнале 38 пати, Шпанецот е поуспешен со 23 победи. На земјана подлога скорот на Надал е 13 победи и два порази.

Федерер на тенисот ќе му се врати на турнирот во Штутгарт. Овој турнир започнува веднаш по Ролан Гарос и се игра од 11. до 17.јуни.

Scroll to Top