Top Sport

Ван Дајк не се фали како Смолинг: Не знам како да го сопрам Лео Меси

За разлика од дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг, кој се фалеше дека може да го сопре Лео Меси, а наместо тоа му го „пукна“ носот и дозволи во двомечот Меси да постигне два гола и да направи една асистенција, Виргил ван Дајк признава дека не е сигурен како ќе ја неутрализира опасноста од аргентинската ѕвезда на Барселона.

Ливерпул и Барселона ќе се сретнат во мега-полуфиналето на ЛШ и Ван Дајк признава дека ќе биде тешко да се сопре „најдобриот фудбалер на светот“.

„Не знам како ќе го сопреме, ќе видиме. Ќе биде голем меч за сите нас. Секако, среќни сме дека сме во полуфиналето, и тоа е најважно. Ние сè правиме заедно, никогаш не е еден-на-еден, на пример јас против одреден напаѓач. Се браниме тимски. Ќе биде многу тешко бидејќи мислам дека тој е најдобар фудбалер на светот, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Ван Дајк.

Scroll to Top