Холандскиот капитен Виргил ван Дајк не се согласува со својот поранешен селектор Луис ван Гал кој изјави дека Светското првенство во Катар било „наместено“ за Лионел Меси и Аргентина да ја освои титулата.
Аргентина ја елиминираше Холандија на пенали во четврт-финалето во еден од најжестоките мечеви на Мундијалите полн со контроверзи, откако Холанѓаните прво се вратија за драматично реми, за потоа да загубат на пенали. Самиот Меси по мечот се потсмеваше со Ван Гал по неговите коментари за „неимпресивната“ игра на Аргентинецот. Ван Гал си даде оставка по Мундијалот и беше заменет со Роналд Куман.
„Ги слушнав неговите коментари ова утро. Тоа е тоа. Секако, тоа е негово мислење, секој е дозволен да има сопствено мислење. Јас не го делам тоа мислење. Не, немаше наместено СП“, изјави Ван Дајк.
Мечот Аргентина-Холандија беше одбележан од рекордни 17 жолти картони, вклучувајќи црвен картон за дефанзивецот Дензел Дамфрис.