Top Sport

Ван Дајк признава дека Барса му се „слаба точка“

Дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк признава дека Барселона се клуб кој му давале многу инспирација во текот на годините, посочувајќи на „холандската“ врска во популарниот каталонски клуб. Во интервју со Гери Невил, дефанзивецот вели дека му било чест што имал можност да игра на „Ноу Камп“.

„Најмногу бидејќи Барселона секогаш имала холандска врска. Таму имаше многу холандски играчи, Франк Рајкард беше тренер, тука беа Франк и Роналд де Бур, Клајверт како напаѓач… Лудо“, вели Ван Дајк.

Запрашан кој е најдобриот стадион на кој играл, Ван Дајк не се двоумеше.

„Тоа е тешко прашање, но секако, би кажал ‘Ноу Камп’ во Барселона. За мене посебно, бидејќи како дете гледав многу мечеви на Барселона и имав шанса да играм со Селтик првпат и загубивме со 6:1. Сепак, искуството беше фантастичн. Тоа е луд стадион“, додава Холанѓанецот.

Scroll to Top