Луј Ван Гал, наскоро треба да биде промовиран во нов селектор на Холандија. Тренерот се враќа од пензија за да го наследи Франк Де Бур, кој не успеа со Холандија да дојде подалеку од осмина-финалето на Европското првенство.
Откако, информацијата дека Ван Гал ќе се врати на селекторската функција се појави во јавноста, „Мирор фудбал“, објави текст, во кој пишува дека холандските репрезентативци не се задоволни од изборот на новиот селектор.
Авторот Сајмон Мулок, напишал дека бунт против Ван Гал го предводи капитенот Вирџил Ван Дајк, кој не игра од октомври минатата година, поради повреда.
Ван Дајк на Твитер реагираше на текстот на новинарот.
„Ова е лага. Срам да ве биде господине Мулок“.