Top Sport

Ван Дајк вели дека не му љубомори на Мегвајр

Виргил ван Дајк оценува дека нема непријателски чувства кон новиот капитен на Манчестер јунајтед, Хери Мегвајр, кој го сруши рекордот со трансферот кај „ѓаволите“ минатото лето.

Ван Дајк беше најскапиот дефанзивец во историјата кога дојде од Саутемптон во Ливерпул за 75 милиони фунти во јануари 2018 година и ја оправда оваа цена со целосно стабилизирање на одбраната на актуелните шампиони од ЛШ. Меѓутоа, во август, овој рекорд падна откако Јунајтед платија 80 милиони фунти на Лестер за Мегвајр, кој само пет месеци подоцна стана капитен на тимот.

„Дали сум разочаран за падот на рекордот? Секако не, му посакувам многу среќа. Се знаеше дека тоа нема да стои вечно, бидејќи тоа е фудбалскиот пазар. Самиот Хери нема влијание на тоа, исто како што јас немав влијание на мојата цена. Но, со таа цена доаѓа притисокот. Но, ќе беше исто и со пониска сума, бидејќи во клубови како Ливерпул и Манчестер јунајтед секогаш има притисок“, вели Ван Дајк.

Scroll to Top