Top Sport

Федерер пред Австралија опен: Моите очекувања се многу мали

Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, Роџер Федерер е фаворит пред речиси секој свој меч, но Швајцарецот пред својот 21. настап на Австралија опен, каде што во првото коло игра со Американецот Стив Џонсон, тој објаснува дека неговите очекувања на турнирот се многу мали.

За разлика од Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, Федерер го пропушти АТП купот, останувајќи во својот втор дом во Дубаи на тренинзи. Тој признава дека е во незгодна ситуација против Џонсон, кој во саботата освои челенџ титула. Федерер има две титули во Мелбурн последните три години, триумфирајќи во 2017 и 2018, пред лани да загуби во четвртото коло од Стефанос Циципас.

„Играм против Стив Џонсон, за тие кои ги интересира. Не знам, затоа сум во Австралија, но тоа е океј. Се наоѓам во незгодна ситуација против противник кој играше минатата недела и е подготвен за акција. Тој е подготвен за мечеви, јас не сум и затоа морам да почна бргу. Се надевам дека ќе биде доволно. Но, верувајте, моите очекувања се многу мали“, вели Федерер.

 

Scroll to Top