Top Sport

Ван де Бек ќе биде првото засилување на Солскјер?

Дони ван де Бек е многу блиску до трансфер во Манчестер јунајтед, тврдат британските медиуми, откако тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг потврди дека постои интерес за 23-годишниот холандски репрезентативец.

Тен Хаг по пријателскиот меч со Ајнтрахт Франкфурт, потврди дека Ван де Бек не бил во составот поради „одредени работи“ околу неговиот потенцијален трансфер. За младиот Холанѓанец се заинтересирани и Барселона и Реал Мадрид, како и Тотенхем.

„Да, има некои детали околу трансферот поради кои не го ставив во тимот. Ќе видиме што ќе се случи и ќе ве известиме кога ќе биде појасно што ќе се случува“, изјави Тен Хаг.

Ван де Бек е фудбалер од славната школа на Ајакс и веќе пет сезони е во првиот тим, со речиси 200 настапи за клубот од Амстердам.

Додека повеќето премиерлигашки клубови веќе направија одредени трансфери, а Челси на пример „растури“ на пазарот, Манчестер јунајтед уште немаат ниту едно засилување откако им „пропадна“ дилот со Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо.

Scroll to Top