Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Дони ван ед Бек откри дека тој и неговата партнерка, Естел Бергкамп, ќерката на легендата на Арсенал, Денис Бергкамп, го очекуваат своето прво дете, по што поранешниот холандски репрезентативец Анди ван де Мејде даде интересе предлог за името.
Ван де Бек, кој има играно само 5 минути во Премиерлигата оваа сезона, доби честитки од повеќе свои соиграчи, како Џеси Лингард, Маркус Рашфорд и Антони Марсијал, но најинтересен беше коментарот на поранешиот фудбалер на Евертон, Ван де Мејде, кој праша: „Дали името ќе биде Оле Гунар?“.
Солскјер му дае мала шанса во Лигата на шампионите против Аталанта во вторникот и по крајот на мечот го фалеше неговото влијаие заедно со тоа на Џејдон Санчо, уште едно скапо засилување кое подолго време седи на клупата.
„Мислев дека двајцата ќе имаат влијание. Џејдон беше одличен, и со него сакав да ја раширам играта бидејќи Кавани беше во игра. Дони истрча за голот и тој продолжува да работи. Има квалитет да ја отвори тесната одбрана на противникот“, изјави Солскјер.