Top Sport

Ван де Бек на радарот на Реал Мадрид

Пол Погба е играчот кој Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, очајнички го посакува во својот тим, но како стојат работите нема да го добие. Поради тоа во Реал ги разгледуваат алтернативните опции и бараат играч со слични карактеристики.

Изминатите денови медиумите во Шпанија пишуваа дека Реал сериозен интерес покажува за Аргентненецот од Бетис, Џовани Ло Селсо и за Шпанецот од Наполи, Фабија Руиз, а наводно од комбинациите отпаднал Кристијан Ериксен од Тотенхем.

„Марка“ денес пишува дека алтернатива би можел да биде и 22 годишниот играч на Ајакс, Дони ван де Бек.

Овој фудбалер одигра неверојано минатата сезона, а особено имресионираше на мечевите против Реал, Јувентус и Тотенхем во Лигата на шампионите.

Ван де Бек е физички моќен играч со голем радиус на движење, односно го поседува она што го бара тренерот Зидан. Плус, Ван де бек е многу поевтин од Погба. Манчестер Јунајтед за Погба бараат 160 милиони евра, додека Ван де Бек би бил достапен за сума од околу 60 милиони евра.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');