Top Sport

Ван де Бек, очигледно, веќе нема нерви да седи на клупа

Иднината на Дони ван де Бек во Манчестер јунајтед изгледа уште понеизвесна откако при вчерашната победа над Вилјареал, Холанѓанецот не можеше да ја скрие својата фрустрација откако не беше пуштен во игра.

Јунајтед се вратија за 2:1 победа со головите на Алекс Телес и Кристијано Раоналдо, а Ван де Бек остана на клупата и кога во финишот на мечот Џеси Лингард и Фред влегоа во игра, а тој остана на клупата ја фрли својата гума за џвакање во насока на Солскјер. Тој мораше да биде смируван од Ерик Баји и Дин Хендерсон.

Според британските медиуми, тој исто така го фрлил својот дрес кога му било кажано дека нема да влезе во игра иако се загреваше за влез.

Ван де Бек дојде минатото лето од Ајакс за 35 милиони фунти, а оваа година има само три меча, а во Премиерлигата има мизерни 6 минути игра. Солскјер одби да го пушти на позајмица ова лето, ветувајќи дека ќе добие шанса да игра.

Scroll to Top