Top Sport

Ван де Бек се поднови со „Ренџ Ровер“, ќе мора да „штеди“ недела и пол

Новиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек реши да потроши дел од својата неделна плата, околу 150.000 фунти на нов Ренџ Ровер за одење на тренинзи во својата нова околина.

Фотографија од продавницата за автомобили од Кнутсфорд, Чешајр го има името на Ван де Бек (погрешно напишано) на црн автомобил за кој Ван де Бек платил 150.000 фунти, за што Холанѓанецот ќе мора да одработи недела и пол, ако се точни вестите дека заработува 100.000 фунти неделно кај „ѓаволите“.

Се очекува, Ван де Бек да биде стартер на утрешниот меч со Кристал палас покрај Бруно Фернандеш, на местото на Пол Погба.

Scroll to Top