Дони ван де Бек, во зимскиот преоден рок ќе го напушти Манчестер јунајтед. Холанѓанецот, за кого Јунајтед плати 45 милиони евра, воопшто не игра кај менаџерот, Оле Гунар Солскјер.
Англиските медиуми шпекулираат дека Ванде Бек кариерата ќе ја продолжи во Италија. Интерес за него покажале Јувентус и Интер. Двата клуба бараат засилувања во редот за врска.
Не е јасно дали се подготвени да го откупат од Јунајтед или само би го позајмиле до крајот на сезоната.
Јувентус, според некои извори му дале задача на Матијас Де Лихт да го убеди поранешниот соиграч да се пресели во Торино.