Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг признава дека веќе се помирил дека ќе го загуби Николас Таљaфико во летниот преоден рок и дека најверојатно ќе му се приклучат и фудбалерот од средниот ред Дони ван де Бек, како и голманот Андре Онана.
Пред само една година, Ајакс воодушеви со своите настапи во Лигата на шампионите, кога стигнаа до полуфиналето, и веднаш почна распродажбата на талентите – Френки де Јонг потпиша за Барселона, а Матијс де Лихт замина во Јувентус, а неодамна беше потврден и трансферот на Хаким Зијеш во Челси.
27-годишниот бек од Аргентина, Таљафико е на метатата на Челси и Арсенал, за Ван де Бек се заинтересирани Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, а за голманот Андре Онана Пари Сен-Жермен. Тен Хаг стравува дека може да ги загуби и нив ако се „погоди цената“.
„Трансферите ќе почнат во август по крајот на врвните лиги. Пазарната вредност на фудбалерите ќе биде намалена, но не многу. Според нивните перформанси и амбиции, повеќе наши фудбалери сакаат да заминат и ќе видиме што ќе се случи со Онана, Ван де Бек и Таљафико. За Онана и Ван де Бек е можна уште една сезона со нас, но Таљафико поради возраста најверојатно ќе замине“, вели Тен Хаг за холандскиот „Хет парол“.