Top Sport

Барди со магичен гол, Леванте го „здроби“ Бетис (видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна фантастичен гол при убедливата 4:2 победа на Леванте над Реал Бетис за да се одвојат од гигантот од Севилја на 12. место на табелата во Ла лига.

Во Валенсија, Бетис под водство на новиот тренер Алексис Трухилјо, го загубија мечот уште во првото полувреме. Борха Мајорал во 21. минута ги донесе домаќините во водство, за во 35. минута, Барди, овојпат не од слободен удар туку од игра, да матира Жоел Роблес за 2:0.

Хозе Моралес во 51. минута и Рубен Рочина осум минути подоцна ја потврдија катастрофата на гостите, пред Серхио Каналес во 70. минута да врати за Бетис, а Хуанми во 88. минута да намали на 4:2.

Scroll to Top