Top Sport

Ван де Вен од Волфсбург во Тотенхем

Стоперот на Волфсбург, Мики ван де Вен ќе го засили Тотенхем. Информацијата ја потврди трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, кој тврди дека Холанѓанецот во понеделник е го потпише договорот.

Ван де Вен има 22 години, висок е 193 сантиметри, а Тотенхем за неговиот трансфер ќе издвои 50 милиони евра.

Новиот менаџер Ангелос Постекоглу инсистираше кај Даниел Леви да му донесе нов стопер, бидејќи Клемент Ленгле се врати во Барселона.

Ван де Вен е третото засилување на Тотенхем ова лето по Џејмс Медисон и Манор Соломон.

Scroll to Top