Top Sport

Ван дер Бек е реална опција за Реал

Реал Мадрид немаат намера да платат 180 милиони евра за Пол Погба, меѓутоа до крајот на преодниот рок мора да донесат уште еден играч од редот за врска.

Холандските медиуми пишуваат дека Дони ван дер Бек е блиску до трансфер во Реал. Овој млад играч минатата сезона доживеа целосна афирмација, постигна неколку клучни гола во походот на Ајакс кон полу-финалето во Лигата на шампионите.

Се шпекулира дека трансферот би можел да изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Покрај Холанѓанецот со Реал се поврзуваше и Кристијан Ериксен од Тотенхем, меѓутоа тој бил фаворит на претседателот Флорентино Перез, а не на тренерот.

Инаку, Ајакс сакале да го завршат трансферот до крајот на неделата за да добијат време да ангажираат играч кој ќе го замени Ван дер Бек.

Scroll to Top