Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, а сега генерален директор на Ајкс, Едвин ван дер Сар одговори на шпекулациите кои го поврзуваат со враќање на „Олд Трафорд“ велејќи дека уште има незавршена работа со холандскиот клуб.
Ван дер Сар е на позицијата генерален директор на „копјаниците“ од 2016 година, период во кој клубот освои три титули од Ередивизие и два купа на Холандија, а се пласираше и во полуфиналето на Лигата на шампионите во 2018/19. Откако Јунајтед го земаа тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг и ги купија нивните фудбалери, Антони и Лисандро Мартинез, англиските медиуми шпекулираа дека тој е следниот кој ќе го направи трансферот.
„Никогаш не било толку блиску. Имам добри односи со бордот на клубот и поминав фантастични шест гоини во Манчестер, но не сум завршил во Ајакс уште“, вели Ван дер Сар за „Тајмс“.
Ван дер Сар беше на голот на „ѓаволите“ од 2005 до 2011 годин и со нив освои четири титули од Премиерлига и една од Лигата на шампиони.