Top Sport

Ван дер Сар го напушти Ајакс

Едвин Ван Дер Сар повеќе не е извршен директор на Ајакс, објави клубот во вторникот.

Тој своите обврски ги предаде на Управниот одбор, почнувајќи од 1 јуни, иако клубот побара тој да остане на функцијата до 1 август за да се грижи за трансферите во летниот преоден рок.

Ајакс оваа сезона ја заврши без трофеј, во финалето на Купот беше поразен од ПСВ, додека шампионската титула му припадна на уште еден голем ривал, Феенорд.

„По речиси 11 години во Управниот одбор, мојата работа е завршена. Заедно доживеавме убави работи, но имаше и тешки моменти. Во овој момент, мислам дека не е добро јас да бидам тој што ќе носи одлуки за иднината на овој прекрасен клуб. Затоа решив да се повлечам“, изјави Ван Дер Сар, кој во клубот започна како маркетинг директор, а извршен директор беше од 2016 година.

Scroll to Top