Top Sport

Ван дер Варт: Фудбалери-аматери во Холандија се подобри од Мегваер

Хари Мегваер, капитенот на Манчестер јунјатед, се наоѓа под жесток притисок од јавноста поради лошата форма во која се наоѓа. Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот е означен како еден од главните виновници за кризата во која се наоѓа славниот клуб.

Поранешниот играч на Ајакс, Реал и Хамбургер, Рафаел ван дер Варт е еден од најжестоките критичари на Мегваер.

Минатата година Холанѓанецот рече дека играта на Мегваер е ср..е.

„Мислам дека Мегваер секој дена и вели на сопругата: „Јас сум ср..3 од фудбалер, но и покрај тоа заработувам купишта пари, бидејќи некој мисли дека сум навистина добар во она што го правам“.

Изјавата за Мегваер, Ван дер Варт, ја надгради по натпреварот Виљареал-Манчестер јунајтед.

„Се обидувам да не го коментирам, но не можам. Тој навистина е ср..е од фудбалер. Морам да го кажам тоа. Не можам да разберам дека дада 90 милиони евра за него. Подобри играчи од него можете да најдете во аматерските лиги во Холандија“, рекол Ван дер Варт за „Зиго спорт“.

Scroll to Top