Top Sport

Ван дер Варт: Ридигер е малку идиот

Рафаел ван дер Варт, поранешниот холандски репрезентативец, остро го критикуваше Антонио Ридигер.

Ван дер Варт, како и некои други поранешни играчи на Реал, деновиве жестоко го нападнаа тимот кој мора да се разбуди и да покаже повеќе на крајот од сезоната, како во шпанското првенство, така и во финалето на Копа дел Реј против Барселона.

Холанѓанецот овој пат се нафрли на еден од играчите на Карло Анчелоти за поразот од Арсенал. Во емисијата „Зиго спорт“, Ван дер Варт и неговиот сонародник Тео Јансен разговараа за инцидентот во кој, според нив, Антонио Ридигер намерно го згазил Луис-Скели од Арсенал.

Иако многумина таа ситуација ја толкуваат како нормален дел од интензивна игра и обид на Реал Мадрид да го промени резултатот, Ван дер Варт и Јансен на тоа гледаат сосема поинаку.

„Што се однесува до Ридигер, сите мислиме дека намерно кога згазна противник. Тој играше во Штутгарт додека бев во Германија. Ме удри со тупаница во стомакот и веднаш доби црвен картон… Да, знаете, тој е малку идиот“, изјави Ван дер Варт за ситуацијата во која Ридигер падна на ногата на противникот, а неговата десна нога заврши во градите на противникот.

Реал Мадрид не прифаќа такви критики и тврди дека тоа било обична ситуација во „жарот на борбата“.

Ван дер Варт за холандската телевизија заклучи дека тоа не е изолиран инцидент и дека Ридигер треба сериозно да се преиспита бидејќи таквото однесување му штети на целиот спорт.

„Додека победувате се е игра и забава, но кога губите се се менува… Сите го паметиме дуелот со Халанд… Го држеше, скокаше врз него и постојано правеше фаули. На овој начин целосно го неутрализираше на два натпревари. И тоа нешто кажува за него”, додаде поранешниот играч за врска.

Scroll to Top