Top Sport

Ван дер Варт: Шпанија игра ужасно, само си ја подаваат топката

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Рафаел ван дер Варт вели дека шпанската репрезентација е најразочарувачката на Европското првенство и дека Холандија би требало да ги посакува нив како можен ривал во нокаут фазата.

Ван дер Варт, кој работи како коментатор на холандската телевизија НОС, вели дека тимот на Луис Енрике е без компас.

„Тие само си подаваат од едната страна на теренот до другата. Немаат ниту фудбалер кој знае да асистира како што треба. Се надевам дека Холандија ќе игра со нив“, вели Ван дер Варт.

Бидејќи Холандија веќе го обезбеди првото место во нашата група Ц, еден од можните ривали е токму Шпанија, доколку го освои третото место во својата група по двете ремија на стартот на првенството.

Scroll to Top