Герет Бејл мора да стане „кретен“ за да ги „освои“ навивачите на Реал Мадрид, вели поранешниот фудбалер на „Лос бланкос“, Рафаел ван дер Варт.
Бејл беше исвиркуван неколку пати од публиката на „Сантијаго Бернабеу“ оваа сезона, и беше прогласен за еден од главните виновници за слабата сезона на Мадрид. Ова, комбинирано со враќањето на Зинедин Зидан на клупата, ги зголемија шпекулациите дека Реал ќе го продаде Велшанецот ова лето.
Ван дер Варт, кој играше покрај Бејл во Тотенхем и добро го познава, вели дека тој мора да стане посебичен фудбалер.
„То е чудно, но во Холандија понекогаш велиме дека мораш да си кретен. Можеш да бидеш и позитивен кретен. Тој вреди 100 милиони евра, тие платија многу пари за него и мора да го изддржи тоа. Во последната сезона во Тотенхем, тој одлучуваше сѐ, го изведуваше секој слободен удар. Тоа мора да го направи и сега. Знам дека е тешко покрај толку добри фудбалери, но мора да се крене“, вели Ван дер Варт.
Бејл има 102 гола во 224 настапи од 2013 година, но Холанѓанецот не е сигурен дека тој го има вистинскиот карактер за клуб како Реал.
„Герет е фантастичен фудбалер, но како личност му недостасува самодоверба. Мора да се чувствува дека е добредојден. Во Реал е тешко кога нема резултати. Не е важно дали си Кристијано Роналдо, Бејл или Ван дер Фарт, ќе те исфрлат за една година“, додава Ван дер Варт.