Луис ван Гал луто одговори на новинарот кој ја нарече неговата холандска репрезентација „досадна“ за гледање на Светското првенство во Катар. Холанѓаните остварија две победи (2:0 против Сенегал и 2:0 против Катар) и едно реми (1:1 против Еквадор) за да го освојат првото место во групата А и да обезбедат дуел со САД во осминафиналето.
Ван Гал дефинитивно не се согласува дека играат „досадно“.
„Мислам дека имаш поинаква перспектива од мене, зошто не запишеш дека е страшно досадно. Ако мислиш дека е досадно, што не си одиш дом? Мислам дека сите би биле горди на тоа што одиме во осминафиналето и мислам дека работите не се толку лоши како што кажувш“, вели Ван Гал, кој по третпат е на клупата на Холандија, откако во 2014 ги однесе до третото место.
🗣 "I think you have a different perspective on football than I have. Why don't you write it down that you think it's terribly boring and you're going home tomorrow."
Louis van Gaal responds to criticisms of Netherlands style of football #FIFAWorldCup pic.twitter.com/URfPFjWCZh
— Football Daily (@footballdaily) November 30, 2022