Top Sport

Ван Гал го исфрли Ван де Бек од репрезентацијата по 45-минутниот разговор

 Старо-новиот холандски селектор, Луис ван Гал во 45-минутен телефонски разговор му објаснил на Дони ван де Бек зошто нема да биде дел од репрезентацијата, порачувајќи му дека мора да почне да игра редовно ако сака да направи враќање.

Ван де Бек нема да биде дел од составот за мечевите со Норвешка, Црна Гора и Турција, и Ван Гал вели дека 24-годишниот фудбалер на Манчестер јунајтед, едноставно, мора да игра за да ја „спаси кариерата“.

„Вчера го повикав Дони ван де Бек и му кажав дека мора да почне да игра. Не зборував со менаџерите на моите играчи, можеби треба да го направам тоа. Зборував 45 минути со него, и нема да ги откријам деталите, бидејќи тоа е меѓу мене и Дони. Уште сум способен да ги советувам играчите“, вели Ван Гал.

Scroll to Top