Top Sport

За Клоп „грозјето е кисело“: Кристијано Роналдо не е засилување за иднината

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го искажа свето мислење за потенцијалното драматично враќање на Кристијано Роналдо во Премиер лигата (со Манчестер јунајтед или со Манчестер сити), оценувајќи дека тоа не е засилување за иднината.

„Ги следам работите како фудбалски навивач. Вие имате повеќе информации што ќе се случи. Не сакам да судам, другите клубови може да прават вакви работи, но очигледно тоа не е работа за иднината, нешто за што ќе имате корист за три или четири години. Тоа е за сега, за веднаш! Некои клубови работат така и тоа е добро, мора да има различни работи. Мора да има тим за една година подоцна, две години подоцна, три години… Убаво е да се освојуваат трофеи, но ниту најдобриот тим на светот не може да го прави тоа секоја година, посебно ако не се развивате како што треба. Ние работиме така“, вели Клоп.

Scroll to Top