Top Sport

Ван Гал ќе ја предводи Холандија

Луј Ван Гал, наскоро ќе го започне третиот мандат, како селектор на фудбалската репрезентација на Холандија. 69-годишниот тренер ќе ја предводи Холандија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Ван Гал, реши да ја прекине пензијата и да му се врати на фудбалот. На функцијата тој доаѓа на местото на Франк де Бур. Холандија со Де Бур, немаш успех на ЕУРО 2020. „Лалињата“, ги победија трите натпревари во фазата по групи, но испаднаа во осмина-финалето од Чешка.

Претходно, Ван Гал, бил селектор на Холандија од 2000 до 2002 и од 2012 до 2014 година. Со Холандија на Светското првенство во Бразил го освои третото место.

Scroll to Top