Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал, призна дека е незадоволен од начинот на кој беше сменет од позицијата на „Олд трафорд“, и додаде дека сегашниот менаџер Жозе Мурињо „пречесто ја губи контролата“.
Ван Гал беше присутен на саботното дерби со Ливерпул на „Енфилд“, кое заврши без голови и во кое Јунајтед беше послабиот противник. Холанѓанецот беше отпуштен по две тешки години во Јунајтед, а последната година беше јавна тајна дека токму Мурињо, неговиот поранешен помошник додека беше тренер на Барселона, ќе го замени и Ван Гал признава дека не бил задоволен од тоа.
„Начинот на кој Жозе стана менаџер на Манчестер јунајтед воопшто не беше елегантен и затоа бев отпуштен. Во основа, Мурињо не е лош човек. Може да покаже симпатии и беше таков кога беше мој асистент. Но, честопати прелесно ја губи контролата. Имам одлични спомени од Јунајтед. Нашиот претседател Ед Вудворд ми вети шест шишиња црвено вино ’Рибеиро’ секогаш кога ќе го победев Ливерпул. Ги победивме четири пати, така што се собраа доста шишиња“, открива Ван Гал.