Прославениот холандски тренер Луј Ван Гал во еден „подкаст“ за јавноста раскажал како го натерал претседателот на Тотенхем Даниел Леви во гепек од автомобил да го напушти неговиот дом.
Ван Гал открил дека пред Светското првенство во 2014 година имал сериозна понуда од Тотенхем да го преземе овој клуб.
„Леви дојде во мојот дом во Нурдвијк, а си замина во гепек од автомобил бидејќи надовор чекаше еден новинар. Преговорите долго траеја и кога ќе размислам тој им даде можност на Манчестер Јунајтед да ме ангажираат“, рекол Ван Гал.
Луј Ван Гал во 2014 година со Холандија го освои третото место на Светското првенство во Бразил, а веднаш потоа потпиша договор со Манчестер Јунајтед.