Top Sport

Пред 22 години Роберто Карлос го постигна физички „невозможниот“ гол (видео)

Роберто Карлос беше еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, во настапите за неговите Реал Мадрид и Бразил.

Со „селесао“ тој ја освои светската титула во 2002 година, и додаде два трофеи од Копа Америка, а со Реал освои три титули од Лигата на шампионите и четири од Ла лига со неверојатни 517 настапи и 7 голови.

Од сите „бомби“ од голови кои ги постигна, најлегендарниот секако е тој на пријателскиот меч со Франција во 1997 година. Ваков гол уште не се повторил.

Scroll to Top