Холандскиот тренер Луис ван Гал вели дека извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд го избркал од клубот во 2016 година опишувајќи го како „злобен гениј“.
Ван Гал го замени Дејвид Мојс на „Олд Трафорд“ во 2014 година, но остана само две години во клубот и покрај тоа што во последниот меч на клупата го освои ФА купот. По четвртото место во Премиер лигата во првата сезона, во втората тимот падна на петото место и клубот веќе го имаше Жозе Мурињо како потенцијална замена.
„Го обвинувам Ед Вудворд, мојот директор во Манчестер јунајтед, повеќе од Мурињо. Според мене, Вудворд е злобен гениј“, вели Ван Гал.
Тој открива дека пред да се приклучи на Јунајтед бил во преговори со Даниел Леви од Тотенхем, но дека веќе не планира да биде тренер.
„Сега ум пензионер. Немам амбиција да бидам технички директор или ТВ-коментатор. Мојата сопруга Трус се откажа од нејзината работа пред 22 години и ме следеше секаде. И кажував дека ќе се повлечам на 55 години, но ме чекаше до 65. Сега е време да има живот надвор од фудбалот“, објаснува Ван Гал.