Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Руд ван Нистелрој открива дека тимот на Милан од 2004/05, во кој беа легенди како Паоло Малдини и Алесандро Неста е најтешката одбрана против која играл.
44-годишниот Холанѓанец беше познат како „убиствен“ пред голот и е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Премиер лигата, но признава дека дуелите со Милан во Лигата на шампионите биле „брутални“. Јунајтед патуваа на „Сан Сиро“ со таленти во тимот како Кристијано Роналдо, Рајан Гигс, Вејн Руни и Ван Нистелрој, но Холанѓанецот открива дека одбраната на Милан, засилена со Џенаро Гатузо би го „убила“ ако ја допрел топката.
„Беше ужасно да се игра против италијанската одбрана. Тие остануваа назад. Бековите понекогаш одеа напред, но тие стоеја позади и немаше шансио да ги поминеш. Играв против Кафу, Јап Стам, Алесандро Неста и Паоло Малдини. Неверојатно! А тука беше и Џенаро Гатузо пред нив. Ќе те убиеја ако дојдеш до топка. Ах, да, го имаа и Андреа Пирло и Кларенс Сидорф, најсилниот човек во фудбалот. Тоа беше многу тешка вечер. Не бев ниту блиску до удар“, вели Ван Нистелрој.
Јунајтед ги загуби двата меча од осминафиналето против Милан.