Top Sport

Ван Нистелрој очекува „топло добредојде“ од навивачите на Арсенал

Тренерот на ПСВ Ајндховен и легенда на Манчестер јунајтед, Руд ван Нистелрој на шега вели дека очекува „топло добредојде“ од навивачите на Арсенал пред вечерашниот меч од Лига Европа, велејќи дека тие треба да му се благодарни за својата „непобедлива“ сезона во 2003/04. Ван Нистелрој утна пенал во последната минута од мечот против „топчиите“ таа сезона.

„Очекувам топло добредојде. Ги оставив непобедливи поради моето промашување“, вели Ван Нистелрој.

Во тој меч, фудбалерите на Арсенал, вклучувајќи ги Мартин Кион, Лорен и Реј Парлор го провоцираа Ван Нистелрој откако сметаа дека тој симулирал во фаулот на Патрик Виера по кој доби црвен картон.

„Не реагирав по промашувањето поради големото разочарување за мојот клуб. Притисокот тогаш беше огромен бидејќи двата тима се бореа за титулата од Премиерлигата. Но, поминаа 20 години. Тоа не е мојот клучен момент во Англија. Бев во Манчестер пет години, а не само два меча, освоив фантастични титули. Знам дека нема да ме пречекаат добро, но тоа е дел од фудбалот“, вели Ван Нистелрој.

Scroll to Top