Шансите на Ајакс да се борат за титулата во холандската Ередивизие станаа помали, откако во големото дерби на холандскиот фудбал беа декласирани со 6:2 од Феенорд на „Де кујп“ благодарение на двата гола на ветеранот Робин ван Перси.
Ајакс дојде до водство уште во деветтата минута од мечот со голот на Данецот Ласе Шоне, но Феенорд се вратија со головите на Торнста и Бергхујс направија пресврт за 2:1 водство по половина час игра. Меѓутоа, „копјаниците“ израмнија преку Хаким Зијеч, пред Ван Перси да го постигне својот прв гол во 42. минута.
Ветеранот го постигна својот 10. гол оваа сезона во 56. минута за да ги „одвои“ Феенорд, по што до крајот на мечот Вилхена и Ајуб го комплетираа „потопот“ на Ајакс.
Со поразот, Ајакс останува на втората позиција во лигата со 47 поени, пет помалку од лидерите ПСВ Ајндховен, додека ПСВ под водство на Џовани ван Бронкхорст се трети со 39 поени.