Top Sport

Ван Перси: Милина е да се гледа Бруно Фернандеш

Робин ван Перси е импресиониран од Бруно Фернандеш и покрај тоа што португалското засилување на Манчестер јунајтед не одигра цел меч против Бриж на гости (1:1).

Фернандеш дојде за 55 милиони евра од Спортинг Лисабон како најзвучно засилување за „ѓаволите“  и веднаш одигра три меча за тимот – во домашното реми против Вулверхемптон, а потоа и во понеделникот при 2:0 победата на гости кај Челси. Фернандеш против Бриж влезе во игра во 81. минута и неговото присуство веднаш се забележа во обидот да се стигне до гол, вклучувајќи одлично додавање до Хуан Мата. Ван Перси е импресиониран.

„Тој е неверојатен. Кога имате врвни играчи веднаш го гледате нивното влијание на теренот. Тој има свилен допир на топката, има додавање, има убаво нафрлање и и има удар. Вистинска милина да се гледа“, вели Ван Перси.

ЛЕ: Ериксен со деби-гол за победа на Интер, Јунајтед само со реми во Бриж (видео)

Scroll to Top