Top Sport

Ван Перси: Парите не ме интересираа, сакав да освојам титула во Премиер лигата

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Робин ван Перси, се присетил на моментот кога решил да го напушти Арсенал и да замине во редовите на големиот ривал Манчестер јунајтед.

„Чувствува дека тимот не оди напред, а јас сакав да освојувам трофеи. Прва опција ми беше да ја напуштам Англија, Јувентус веќе имаа испратено понуда. Меѓутоа во Арсенал сакаа да ме задржат, претседателот ми покажуваше графикони дека клубот финансиски е стабилен. Мене тоа не еме интересираше, сакав да ја освојам Премиер лигата. Кога се јави сер Алекс Фергусон, без размислување прифатив. Трансферот во Манчестер јунајтед беше вистинска работа“, рекол Ван Перси.

За осум сезони во Арсенал, Ван Перси, одиграл 194 натпревари, постигнал 96 голови. Со „топџиите“, во тој период успеал да победи само во ФА купот и Суперкупот на Англија. Трофејот во Премиер лигата го освои во првата сезона, како фудбалер на Манчестер јунајтед.

Scroll to Top