Top Sport

Ванда Нара боледува од леукемија

Најпознатата фудбалска менаџерка Ванда Нара боледува од леукемија, ја пренесоа информацијата која ја објави аргентинскиот новинар Хорхе Ланата, бројни светски медиуми. Таа во петокот била префрлена во болница во Буенос Аирес, каде и била дијагностицирана тешката болест.

Поранешната сопруга на фудбалерот на ПСЖ, Мауро Икарди во средата се пожалила на силни болки во стомакот.

Мауро Икарди сака да ја однесе на лекување во Италија. Аргентинскиот фудбалер најголемиот дел од кариерата го одигра во Италија, во Интер и тоа е земја во која се чувствува како дома. Минатата сезона играше за Галатасарај, беше на позајмица, а летово е на прагот да потпише постојан договор со Турците.

За неговата кариера се грижеше поранешната сопруга, не ја сакаа навивачите на Интер, дури неколку пати ја нападнаа и и го каменуваа автомобилот. Тие чувствуваа дека таа носи одлуки кои не се добри за Мауро Икарди и Интер.

Scroll to Top