Ванда Нара, сопруга и менаџерка на фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, верува дека напаѓачот ќе потпише нов договор со клубот.
Подолго време медиумите шпекулираат дека Икарди не сака да го продолжи договорот со Интер. Наводно, барал девет милиони евра годишно за да го потпише новиот договор.
Поради тоа изненадувачка е изјавата на Ванда Нара, да ги демантира новинарските шпекулации.
„Со клубот не сме разговарале околу новиот договор и мислам дека нема потреба за тоа. Кога ќе не повикаат ќе седнеме и ќе се обидеме да се договориме. Тој сака да остане и поради тоа сум 100-отсто сигурна дека ќе остане во Интер, иако се уште не сме разговарале со клупските челници. Одиме чекор по чекор и навистина нема причина да пишувате дека тој се подготвува да го напушти клубот“, рекла Ванда Нара.
Муро Икарди оваа сезона има постигнато 14 гола на 24 одиграни натпревари. Интер по 20 кола во Серија А се наоѓа на третото место на табелата со 40 бода, седум помалку од Наполи и 13 од лидерот Јувентус.