Top Sport

Ванда Нара: Јас сум револуционер во фудбалот!

Сопругата и агентот на Мауро Икарди, Ванда Нара инсистира дека таа е  „револуционер“ во фудбалот и дека нејзиниот сопруг има целосна доверба во неа и покрај „плановите и заговорите“ кои ги имаат луѓе против неа.

Нара и Икарди, по богзнае кој пат, се најдоа во центарот на контроверзите во Италија, откако на Аргентинецот му беше одземена капитенската лента, а преговорите околу новиот договор очигледно „заглавија“. Многумина сметаат дека Нара е главниот проблем во односите со клубот од Милано, но таа во долго интервју за „Џенте“ вели дека работите се поинакви.

„Вистината е дека Мауро има уште две години во договорот со Интер и ние сме среќни тука. Гледаме како да ги придвижиме работите кои ќе бидат на крајот завршени со добро за Интер и за Мауро. Во клубот има промени, нов директор во Бепе Марота. Милан е мојот втор дом и моите деца се Италијанци. Само Валентино е роден во Аргентина, но и тој е дојден тука како многу мал. Има многу шпекулации дека ќе си заминеме, но тоа е само во печатот“, вели Нара.

Таа вели дека со својата улога на менаџер на својот сопруг, таа прави „револуција“ во фудбалот.

„Лесно е да го претставуваш Мауро бидејќи тој е многу важен фудбалер во Европа. Треба само да зборуваш. Ова е мачо свет и тоа што го правам јас е револуционерно. Има многу роднини кои ги претставуваат фудбалерите, но улогата на жената треба да е да седи дома со децата и да молчи. Затоа јас сум револуционер. Имам пријателки кои се сопруги на фудбалерите и тие ми се смеат. Мислат дека тоа што го правам е чудно, но потоа бараат да ги претставувам нивните сопрузи. Со Мауро нема криза, ниту имало некогаш. Приказните кои се појавуваат се фантазија и немаат врска со вистинскиот живот. Работам за најуспешната фудбалска ТВ-емисија, влијателна сум, бизнисменка која има канцеларии во Милано. Јас секогаш ги заработував своите пари и сум независна и не сум со Мауро поради парите, туку поради љубовта. Јас целосно му верувам и тој ми верува мене“, вели Нара.

Фото: ЕПА

Scroll to Top