Иако се верува дека Мауро Икарди е „совршен“ за Пари Сен-Жермен и се очекува францускиот тим да го откупи неговиот договор од Интер, неговата сопруга и агент, Ванда Нара вели дека тој уште не направил одлука.
Икарди ја врати репутацијата кај „светците“, постигнувајќи 14 гола во 18 меча, откако претходно се испокара со сите во Интер, од навивачите до управата на клубот. Но, тоа не значи дека тој нема да се врати во Милано.
„Тоа е негова одлука, уште ништо не е сигурно. Секако, патувањата помеѓу Париз, Милано и Рим не е лесно, но го правиме. Нему му оди многу добро во Франција и јас сум задоволна со новите пријателства. На крајот, тој ќе одлучи“, вели Нара во интервју за „Ла газета дело спорт“.