Top Sport

Ванда Нара: Немаме намера да го напуштиме Интер

Ванда Нара сопругата на фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, порачала дека тој сакал да остане во Интер и дека тешко ја примил одлуката да му биде одземена капитенската лента.

Нара на Икарди не му е само сопруга туку е и негов менаџер деновиве е главна фаца во италијанските медиуми, а навивачите на Интер сметаат дека таа е виновна што Аргентинецот се уште не го продолжил договорот.

Преговорите околу новиот договор на Икарди тапкаат в место, поради што во клубот решија да му ај одземат капитенската лента. Како одговор на ова, напаѓачот одби да патува со тимот на мечот во Лига Европа, против Рапид, додека синоќешниот меч против Сампдорија во првенството го пропушти поради повреда на коленото.

„Би сакала Мауро малку повеќе да биде заштитен од старна на клубот. Тешко е да се каже откаде доаѓаат неточните информации, од клубот или надвор од него. Доколку би можела да бидам помеѓу новиот договор и трансфер на играч што би му давал барем пет добри топки по натпревар на Мауро би го избрала ова второто“, рекла сопругата на Икарди во една телевизиска емисија.

Таа рекла дека Икарди никогаш немал намера да замине од Интер и дека тешко ја примил одлуката дека повеќе нема да е капитен на тимот.

„Немаше предупредување дека ќе се случи нешто такво, а јас имам редовна комуникација со Интер. За одлуката дознавме од „Твитер“. Не ми кажаа ништо, а имавме претходно три часовен состанок. Мауро има постигнато 120 гола за овој клуб и тој верува во тимот. Ние сме семејство на „интернисти“. Никогаш намерата не ни била да заминеме од Интер“, рекла Ванда Нара.

Scroll to Top