Top Sport

Реал се заканија дека ќе ја напуштат лигата

Во кошаркарскиот клуб Реал Мадрид размислувале да ја напуштат шпанската АЦБ лига, бидејќи биле незадоволни од судењето во синоќешното финале во Купот на Кралот.

Во исклучително драматичен меч, по едно продолжение, Барселона го освои Купот со победата 94:93.

Сите во Реал се убедени дека биле ограбени од судиите. Тие сметаат дека Ентони Рендолф во последната секунда на време го блокирал шутот на Анте Томиќ и дека судиите не смееле да го признаат кошот.

Радиото „Копе“ пренесува дека челниците на Реал ќе побарале лигата со официјално соопштение да признае дека судиите го оштетиле „кралскиот клуб“, а доколку тоа не се случело тогаш ќе ја разгледале можноста да ја напуштат лигата.

Инаку судиите мечот го воведоа во ваква завршница бидејќи на 12 секунди до крајот не досудија неспортска лична кога Рендолф го спречи Крис Синглтон да поентира во чиста ситуација.

Scroll to Top