Top Sport

Ванда Нара откри:  Интер и Икарди далеку од договор

Мауро Икарди сака да остане во Интер на долги патеки, но сака „нераѕурите“ да се „потрудат“ околу договорот, бидејќи сега се на многу различни позиции околу потписот, вели неговата сопруга и агент, Ванда Нара.

25-годишниот Икарди има уште три години на својот сегашен договор со клубот од „Сан Сиро“, но шпекулациите кои го поврзуваат со Реал Мадрид никако да исчезнат. Минатата недела Нара преку социјалните мрежи објави дека го разгледува предлогот на Интер, зголемувајќи ги шпекулациите дека е блиску до договор, но сега ја „смени песната“.

„Многу сме далеку, или би можело да се каже, не сме блиску како што сите мислат. Мораме да разговараме со клубот и уште го немаме направено тоа. Ми пречи што се пишува многу за тоа, а никој не ми се јави да побара објаснување. Смешно е да се каже дека нема пазар за Икарди. Мислам дека Интер можат да направат повеќе да остане, бидејќи тоа е и нашиот приоритет“, вели Нара во појавување на ТВ-шоуто „Тики така“.

Таа исто откри дека Икарди бил блиску до потпис со Јувентус за сезоната 2018/19, за да биде партнер на Кристијано Роналдо.

„Во последниот преоден рок за малку бевме на излезна врата од Интер. Го сакаа во еден град блиску до Милано. Јувентус? Да, сите го знаат тоа. Мауро ги отфрли големите пари за да остне во Интер. Тие ми кажаа: ’Ако не потпишеме со Мауро, нема да потпишеме со никој друг’“, открива Нара.

Scroll to Top