Top Sport

Металург со драматична победа кај фенерџијата Извиѓач! (видео)

Металург во драматична завршница дојде до 31:30 победа во дербито на дното во регионалната СЕХА-лига, триумфирајќи на гости кај босанскохерцеговскиот Извиѓач во последниот меч од 2018 година.

Металург имаше предност од  два гола на полувремето, но во финишот на мечот, домаќините поведоа со два гола разлика 30:28, пред прво Танкоски да намали на 30:29, пред Александер Шпенде да постигне два гола во последната минута – првиот од игра, и вториот во последните секунди од пенал за втора победа на македонскиот вице-шампион во лигата.

Шпенде и Мице Шилегов беа најефикасни за Металург со девет постигнати голови, додека за домаќините, Домагој Алиловиќ имаше осум гола. Металург останува на претпоследното место со 7 освоени поени, три помалку од осмопласираниот Железничар од Ниш.

Scroll to Top