Top Sport

Ванда: Не морам да го прашам Мауро, му ги знам сите соништа

Ванда Нара, сопругата и агентот на фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди тврди дека тој е феминист и дека поради неа тој добива одлични услови во своите договори.

Нара успеа да му обезбеди постојан трансфер на Икарди од Интер во Пари Сен-Жермен минатиот месец со гарантирана плата од над 6 милиони долари годишно. Икарди, кој беше капитен на Интер пред да влезе во конфликт со управата на клубот, во преговорите беше претставуван од Нара и многумина сметаат дека нејзиното влијание го обезбедило и претходниот договор со Интер со кој заработуваше 5 милиони евра по сезона.

„Секогаш кога ќе преговарам со менаџерите, го правам тоа знаејќи ги соништата на Мауро и тоа кои клубови ги сака, а кои не. Ги знам сите негови соништа и каде сака да оди. Тоа е мојата предност. Има работи кои не морам да го прашам бидејќи го знам одговорот. Ние сме добар тандем – тој ја завршува својата работа, јас ја завршувам својата“, вели Нара во интервју за магазинот „Џенте“.

Нара тврди дека Интер не ја сфаќал вредноста на нејзиниот сопруг пред тој да замине во ПСЖ, а претходно додаде дека неговата форма на теренот влијае на нивниот сексуален живот.

„Тој им се восхитува на жените кои работат и ги штитат своите права. Ја сфаќа мојата работа во светот на фудбалот, каде што сите ги сметаат жените само за апарати за миење садови“, вели Нара.

Scroll to Top